Вучиќ и Мустафа утре на средба во Брисел
Премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа утре ќе имаат средба во Брисел рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се одржува со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јави дописникот на МИА.
Средбата во изјава за „Трибуна чанел“ ја потврди коосвскиот заменик-министер за администрација и локална управа Бајрам Гецај,
- Да, ќе се сретнат и ќе разговараат за прашања поврзани со дијалогот, изјави Гецај.
Мустафа во последно веме во неколку наврати повторуваше дека нема да патува надвор од земјата, ниту тој, ниту некој од член на неговиот владин Кабинет, во знак на протест поради неодбрувањето на визна либерализација за косовските граѓани.
Европската комисија за овој процес го условува Косово со утврдување на граничната линија со Црна Гора.
И министерот за евроинтерграции Беким Чолаку изјави дека визната либерализација „може да задоцни“, поради нератификувањето на договорот за демаркација со Црна Гора од страна на косовскиот Парламент.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците