-->
-->
Вучиќ ги повика политичките претставници на Србите од Косово на состанок
-->
Српскиот премиер Александар Вучиќ ги повика на состанок што ќе се одржи денеска, политичките претставници на Србите од Косово, јави Танјуг.
На разговор се повикани сите пратеници на Српска листа во која во изминатите денови има сериозно несогласување за прашањето за спроведување на државна политика.
Дел од пратениците од таа листа „на своја рака“ без консултации со владата во Србија прекинаа бојкот на косовски институции и се вратија во косовското собрание. Со тоа се потврди и практично дека се согласуваат со смената на министерот Љубомир Мариќ, наместо кого косовскиот премиер со нивна согласност ја постави Мирјана Кевтиќ од Движењето на социјалистите.
Премиерот Вучиќ најави дека за тој проблем „денеска ќе стави точка“, јави Танјуг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона