Македонија
14. July 2020 - 11:39

Вучиќ ги почна консултациите за формирање влада

Консултациите за формирање на владата на Србија започнаа денеска со состанок помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претставници на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“, предводени од Шаип Камбери.

Во наредните денови, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија мандати на изборите – на СВМ, СПС, СПАС, Партијата за правда и помирување и СНС.