Loading Video...
Спорт плус
14. February 2021 - 18:04

Второ злато за Крихмајер на Светското првенство во скијање

Австрискиот скијач Винсент Крихмајер го освои и вториот златен медал на Светското првенство во алпски дисциплини што се одржува во италијанскиот ски-центар Кортина Д’Ампецо.
 
Откако триумфираше во супер-велеслаломската трка, Австриецот најбрз и во спустот. 
 
Крихмајер која стартуваше прв оствари време од 1:37.79 минути, и за само еден стоти дел од секундата беше побрз од Германецот, Андреас Сандер. 
 
Бронзениот медал го освои Беат Фојц од Швајцарија.
 
На Светскиот шампионат во Кортина утре на програмата се трките во алпска комбинација во машка и женска конкуренција.