Македонија
3. July 2017 - 14:42

Второ прскање против комарци на подрачјето на Град Скопје

Второто прскање од земја против возрасни форми комарци во 2017 година, на подрачјето на Град Скопје, ќе се одвива од 5 до 9 јули (од среда до недела), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Како што информираат од Градот Скопје, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Од Град Скопје со известување до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.