-->
-->
Второ порибување на езерото Градче крај Кочани
-->
Спортско-риболовното друштво „Кочански рибар“ од Кочани ја спроведе акцијата за порибување на вештачкото езеро Градче крај Кочани. Ова е второ порибување на езерото со крап по она во ноември минатата година.
- Во езерото се пуштени 1.000 единки подмладок на крап со просечна тежина од околу 50 грама и 300 килограми крап со просечна тежина од 2 килограми. За оваа активност се вложени 100 илјади денари, изјави Димитар Димитров, претседател на Спортско-риболовното здружение „Кочански рибар“.
Интересот за риболов на езерото Градче, според Димитров е голем, за што зборува и податокот за издадени над 70 годишни дозволи.
Тој посочи дека до крајот на годината се планира уште едно порибување на езерото со пастрмка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море