Македонија
8. јуни 2018 - 11:56

Второ крапско дружење викендов во Богданци

Во организација на Здружението на спортски риболовци „Костреж“ од Богданци, утре и задутре на браната „Паљурци“ ќе се одржи второто интернационално крапско дружење на кое ќе учествуваат повеќе од дваесет екипи од Србија, Бугарија и Македонија.

Организаторите соопштија дека натпреварувањето ќе трае 52 часа и оти ќе се спроведе според правилата за натпревари на Македонската риболовна федерација.

Секоја екипа ќе биде составена од по двајца натпреварувачи, плус еден резервен натпреварувач и капитен и сите тие мора да бидат регистрирани риболовци и да поседуваат спортски легитимации за 2018 година.

Дозволен ќе биде улов само на крап, а ќе се бодуваат уловените примероци од крап над еден килограм.

Крапџиите од Македонија беа најупешни на првото дружење кое исто така се одржа во Богданци, а најуспешните од второто крапско дружење ќе бидат познати во недела на пладне.