Тенис
6. July 2016 - 14:24

Второ коло за Србљак на фјучрсот во Скопје

Македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман во второто коло на фјучрсот во Скопје откако со пресврт стигна до победата над Вулнет Таши од Швајцарија. Првиот сет со 7:6 (7:4) му припадна на таши, но Србљак со многу подобра игра и со повеќе „винер“ поени стигна до изедначување откако вториот сет го доби со 6:3 во гемови. На стартот од решавачкиот сет нашиот тенисер поведе со 2:0, а потоа и со 4:1 кога ривалот побара медицинска помош, но ни тоа не го наруши ритамот на Србљак, кој сетот гоз аврши со 6:1 во гемови. Во следното коло ќе игра против вториот носител Клаудио Форуна од Италија.

Другите двајца македонск тенисери ги завршија мечевите со пораз. Бесир Дургути (кој и на третиот турнир на стартот играше против носител) загуби од Љубомир Целебиќ со 6:0 и 6:3 во сетови, додека Шендрит Деари го предаде мечот на Франческо Грацели при резултат 6:4 во првиот сет и 4:0 во вториот сет.
Во тек е мечот на Димитар Грабул против Борна Гојо.
Попладне се игра четвртфиналето Јотовски - Русевски против Челебиќ - Јандриќ.