-->
-->
Второ издание на „Пехчево на точак“
-->
Во Пехчево се одржа по втор пат спортската манифестација „Пехчево на точак” – искачување со велосипеди до врвот Кадиица во организација на хотел „Гогов“ со поддршка на Оштина Пехчево.
Како што истакна градоначалникот Драган Тренчовски, трката беше одлична можност да се промовира авантуристичкиот туризам во Пехчево и регионот.
-„Пехчево на точак” имаше повторно иста цел, а тоа е да го разбудиме авантуристичкиот дух, да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги истражиме и доживееме убавините на пехчевската природа и малешевијата кои нудат огромни можности за развој на авантуристичкиот туризам. Годинава имавме посебна чест на настанот да учествува словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш кој и самиот е велосипедист во слободното време, информираше Тренчовски.
Како што истакнаа организаторите, со оваа трка хотел „Гогов“ ја покажува својата општествена одговорност во насока на промоција на пехчевскиот регион.
- Сакаме на овој начин да придонесеме за промоција на овој прекрасен, а подзаборавен регион во Македонија. Планот е овој настан да стане традиција, а следната година да биде и далеку помасовен со вметнување нови елементи во организацијата, и со логорувања, музички делови и многу дружење на Равна Река во Пехчево, велат организаторите.
Велосипедската патека по која се движеа велосипедистите е долга 27 километри, со вкупна висинска разлика од 1150 метри. Освен велосипедската трка, како дел од настанот се одржа и „оф-роуд” тура со теренски возила на која учествуваа учесници од Пехчево, Берово и од Делчево. Настанот заврши со заедничко дружење на градскиот плоштад каде учесниците од страна на организаторот добија благодарници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација