Македонија
26. January 2017 - 17:54

Второ дополнето издание на Прирачникот за парламентарните избори 2016

 Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ подготви второ дополнето издание на Прирачникот за парламентарните избори во Република Македонија во 2016.

- Ова издание на Прирачникот ги има сите релевантни информации за изборниот процес, легислативата, начинот на гласање изборниот модел, за листите на партиите и нивните носители како и за причните кои доведоа до овие предвремени парламентарни избори. Изданието ги содржи и крајните резултати од спроведените избори, распределбата на мандатите и оценките за спроведувањето на изборите од страна на партиите учесници, како и на релевантните набљудувачки мисии и организации, соопшти Институт за демократија.

Во прирачникот, кој е  достапен на македонски, албански и на англиски јазик,  обработени се и сите досегашни изборни циклуси - од прогласувањето на независноста до денес.