Македонија
13. July 2016 - 15:39

Второ авионско прскање против комарци во Кочани

Во градското подрачје на Кочани и поголем дел од низинските села што припаѓаат на територијата на општината, утре, од пет до 10 часот наутро, ќе се спроведе втората фаза од авионското прскање против комарци.

Третирањето ќе го спроведат стручни екипи од Заводот за јавно здравје.

-  Опфатена ќе биде површина од 1.200 хекатри, а ќе се прска со еколошко средство, широкопојасен инсектицид за уништување комарци, одобрен од Бирото за лекови, истакна Гоце Серафимов, помлад соработник за заштита на животната средина во Општина Кочани.

Серафимов апелира граѓаните кои одгледуваат пчелни семејства, да ги заштитат во перидот на авионското прскање.

Пред ова второ авионско прскање против комарци годинава, во Општина Кочани успешно се спроведоа и две третирања од земја со кои беа опфатени по 300 хектари во градот и населените места.

До крајот на август ќе бидат спроведени уште едно авионско и две третирања од земја. Финансиките средства наменети за оваа активност Општината ги обезбеди од сопствениот буџет.