Вториот владин ешалон влезе во собраниска процедура
Премиерот Зоран Заев, по долги консултации меѓу владините партнери, попладнево во парламентот го достави списокот на зменици-министри, а седницата за нивниот избор се планира најрано за вторник.
Владејачкото мнозинство иако во понеделникот се комплетираше со 62 пратеници, сепак можно е да калкулира со терминот на седницата имајќи предвид дека пратеничка на ДУИ се породила пред само неколку дена што значи дека власта во Собранието повторно располага со минимумот од 61 глас.
Сппоред доставениот предлог. најголемата партија во Владата – СДСМ ќе има само три заменички места - за финасии Димитар Ковачевски, во министерството за информатичко општество и администрација – Александар Бајдевски кој и досега беше на оваа функција, и во земјоделие Трајан Димковски, кој досега беше министер во овој ресор.
По едно место во вториот владин ешалон ќе добијат помалите коалициски партнери – НСДП го презема заменичкото место во економија - наместо Кирил Колемишевски, сега заменик министер, ќе биде Зоран Маневски. ДПА го добива заменик шеф во дипломатијата – Фатмире Исаки. Демократски сојуз ќе добие заменичко место во локална самоуправа, а ДОМ во животна средина, и партијата на Турците во труд и социјална политика.
БЕСА пак, ќе добие заменичко министерско место во образование – Арафат Шабани и за култура – Седат Сулејмани.
ДУИ како што веќе беше објавено ќе добие 5 заменик министри. Од партијата досега ги брифираа следниве имиња: за внатрешни работи - Назим Буши од директорско место во ТЕЛЕКОМ, за правда - Агим Нухиу кој досега беше заменик во мвр, во одбрана –Башким Хасани од финансова полиција, за здравство - Илир Хасани кој беше директор на скопска клиника и за транспорт и врски - Беким Реџепи, поранешен член на Судскиот совет.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово