Свет
25. November 2015 - 16:32

Вториот руски пилот е пронајден жив и здрав и вратен во руската воена база

Продолжуваат меѓусебните обвинувања на официјална Москва и Анкара по вчерашниот инцидент на турско- сириската граница, кога беше урнат руски Сухој 24. Руското министертсво за одбрана објави снимка која потврдува дека руското леталото во ниту момент не го напуштило сирискиот воздушен простор и дека било нападнато додека изведувало легитимни маневри врз Сирија.

- На основа на објективно пратени податоци , рускиот авион не навлегол  во турскиот воздушен простор. Тоа го потврди и сириската противвоздушна одбрана. Покрај тоа утврдивме дека еден турскиот авион го нарушил воздушниот простор на Сирија , изјави Сергеј Рудков , портпарол на Генералштабот на Русија.

Анкара пак тврди дека Сухојот  го повредил воздушниот  простор на Турција. Претседателот Ердоган  изјави дека турското воздухопловство не знаеле дека авионот е руски кога бил соборен и порача дека неговата земја не сака ескалација на односите со Русија.

- Никој не треба да се сомнева дека Турција направи се за да го избегне инцидентот, ние не ја сакавме оваа ситуација, но сите мора да го почитуваат правото на Турција да ги штити своите граници – изјави турскиот претседател Ердоган.

Во меѓувреме, Путин   потврди дека еден од двајцата руски пилоти кои се катапултираа од авионот, кој го соборија турците во планински предел во сириската провинција Латакија , е спасен од војската на Асад  додека другиот  е убиен од џихадистите.

-Спасениот пилот е  на безбедно и е жив и здрав.Тој ќе биде одлукуван како и неговиот трагично загинат колега, истакна рускиот претседател.

 Инаку,по вчерашниот инцидент Русија воведе дополнителни мерки во противвоздушната одбрана. Руските бомбардери кои ќе изведуваат антитерористички операции во Сирија ке бидат пратени од ловци а во воената база во Сирија  ќе биде инсталиран напреден систем за противвоздушна одбрана. НАТО , ОН, ЕУ, САД ги повикаа Анкара и Моксва да ги намалат тензиите и да соработуваат повеке за да се избегнат инциденти од таков вид во иднина.