Македонија
26. јуни 2021 - 20:03

Втората парада на гордоста во Скопје

Тука сме, гласни сме, видливи сме, да ги славиме различностите оти тие се нашето богатството, бидете горди какви што сте - ова се само дел од многуте пораки кои ги упатија учесниците на втората по ред парада на гордоста во Скопје. Од Школка во Градскиот парк, освен што активистите гласно зборуваа за правата на ЛГБТ заедницата, алармираа до надлежните што поскоро да се донесе закон за правно признавање на родот.

Порака дека  најблиските треба да им бидат најголема поддршка на овие луѓе, упати и родител чие дете е дел од оваа заедница.

Дека говорот на омраза се уште, за жал е присутен и е насочен кон ЛГБТ заедницата,  алармираше активистот Кочо Андонов.

Илјадници граѓани, под засилено полициско обезбедување парадата ја почнаа во Жена парк, маршираа низ центарот на Скопје, покрај Влада а крајна локација им беше Школка во градскиот парк. Меѓу учесниците имаше и политичари.