Тенис
1. October 2015 - 17:39

Втора титула за Маринковиќ

Катарина Маринковиќ (16 години) е шампионка на Македонија во тенис откако попладнево во финалето ја победи Марија Еленова со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4).

Маринковиќ со тоа ја одбрани титулата освоена лани.
Претходно во машкото финале Димитар Грабул го победи Томислав Јотовски со 2-1 во сетови.
Во финалето во двојки кај мажите Грабул и Јотовски ги победија Стефан Мицов и Бојан Јанкуловски со 6:4; 0:6 и 10:5 (на поени) и ја освоија титулата.