Втора ревија на македонски филмови „Златна рамка“
Дваесет и два филма од минатата година ќе бидат прикажани на второто издание на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“, која под мотото „Во наш филм“ ќе се одржува од денеска до 16 февруари во Младинскиот културен центар.
Филмовите што ќе бидат прикажани се во три програмски целини – долгометражни, краткометражни и документарни. Публиката ќе има можност да ги проследи заедно со нивните автори и да учествува во дискусиите што се предвидени по проекциите кои се бесплатни.
Организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар.
– „Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика, која ќе има можност да ги погледне сите домашни филмови од минатата година, од кои некои не се прикажуваат на редовен репертоар во киносалите. Домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските работници ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа, соопшти ДФРМ.
Покрај тридневната ревија на македонскиот филм од изминатата година, на „Златна рамка” ќе бидат одржани и Свечено собрание на ДФРМ, промоција на брошурата „Прирачник за филмаџии“, презентација на МЕДИА Деск Македонија на тема „Како се евалуираат проектите на Медиа?“ и трибина насловена „Жената во македонскиот филм“.
Ќе бидат доделени и почесните награди за филмските професионалци: најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто