Ракомет
4. January 2017 - 23:19

Втора победа над Босна и Херцеговина за македонските ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија и во вториот натпревар постигна победа над Босна и Херцеговина. Вечерва во натпревар од затворен тип без гледачи Македонија победи со 35:31 (19:17).

Најефикасен кај Македонија беше Кирил Лазаров со 7 голови, а на дуелот беше Вегар од БиХ со 8 голови.
На овој дуел селекторот Лино Червар не сметаше на Талески, Нелоски и Велковски, кои настапија за младинската селекција.
Македонија и БиХ утре во салата во Автокамнда ќе го одиграат и третиот контролен дуел.