Ракомет
15. September 2017 - 12:06

Втора победа на вардарки во регионалната лига

 
Актуелниот победник на женската регионална лига Вардар ја забележа и втората победа. 
 
По вчерашниот триумф над Будуќност (24-22), вардарки ја победија и екипата на Крим со 30-27 полувреме 14-11, на дуел од првиот турнир кој се игра во Подгорица, Црна Гора. 
 
Иако на овој турнир настапија со 13 ракометарки, вардарки во поголемиот дел од натпреварот беа во предност и ја контролираа играта. На полувремето заминаа со три гола позитива (14-11).
 
Крим успеа да изедначи на стартот од вториот дел (14-14), а во 50.минута дури и да водат со три гола (22-19). 
 
Сепак вардарки во последните десет минути направи пресврт на крајот да остварат кобеда со конечни 30-27.
 
Најефикасни во редовите на македонскиот шампион, а воедно и на натпреварот беше Јованка Радичевиќ која постигна 10 гола, додека Андреа Лекиќ постигна 5, а по три гола придодадоа Кликовац, Хмирова и Цвијиќ. 
 
Првиот турнир во Подгорица, ќе биде заокружен со мечот меѓу Будуќност и Крим кој ќе се игра утре.