Loading Video...
Ракомет
22. September 2018 - 19:09

Втора победа на Вардар во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар ја остварија и втората победа во елитната Лига на шампиони. 

Вардарци кои новата сезона ја започнаа со минатонеделниот триумф кај актуелниот шампион Монпелје, денеска пред својата публика го совладаа шветскиот Кристијанштад. 

Уште на самиот почеток црвено-црните тргнаа силно и веќе во 6.минута водеше со 6-0. До крајот на полувремето предноста изнесуваше 9 гола разлика 19-10.

Така избраниците на Парондо само рутинирано вториот дел го одиграа рутинирано за на крајот да остварат победа со конечни 33-25.

Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Иван Чупиќ со 7 голови, додека Вуко Борозан постигна 5, Тимур Дибиров беше стрелец на 4, а по три постигнаа Скубе, Мораеш и Кристопанс. 

Следен противник на Вардар е унгарскиот Веспрем против кој црвено-црните ќе играат за седум дена на гостински терен. 

А, вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, Металург својот меч од 2.коло ќе го игра утре, во СЦ Борис Трајковски од 17 часот, а противник на металурзите е турскиот Бешикташ.