Loading Video...
Тенис
5. April 2018 - 15:00

Втора победа на македонските тенисери во Дејвис Купот

Македонската тениска селекција ја оствари и втората победа во Дејвис купот 
 
Откако во првото коло го совладаа Исланд (2-1), попладнево македонските тенисери беа подобри од Албанија со максимални 3:0 во меч од групата А, на турнирот во Пловдив, Бугарија каде се играат натпреварите од Третата Европска зона.
 
 
Во поединечна конкуренција Горазд Србљак без загубел гел (6-0 и 6-0) го победи Арбер Сулстарова, додека Димитар Грабул на Марио Зили му препушти само три гема (6-3 и 6-0)
 
Во мечот во двојки, Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски со 6-2 во двата сета ги совладаа Мјештри и Шипхеја 
 
Следен противник е домашната селекција на Бугарија и тоа во директен дуел за првото место кое носи пласман во саботното финале.