Фудбал
29. October 2016 - 16:59

Втора МФЛ: Значајни победи за Еуромилк и Металург

Во рамките на 10-тото коло од Втората МФЛ значајни победи во борбата за влез во елитата остварија Еуромилк и Металург. 

„Млекарите“ славеа со 1-0 во дербито во Новаци со голот на Чаволи во 62. минута. 
Минимално со 1-0 со погодокот на Фиданоски во 82. минута Металург го совлада во Тетово ФК Тетекс. 
Киксот на Новаци го искористи ФК Скопје и со победата од 2-0 против Љубанци (Настевски 59м, Белули 80м) се искачи на второто место на табелата. 
Лидер останува и натаму Академија Пандев со сигурната победа од 2-0 против Вардар Неготино со головите на Дориев и Кочоски. 
 
Втора МФЛ   -  29.10.2016
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2 - 0  ВАРДАР Неготино
СКОПЈЕ 2 - 0 ЉУБАНЦИ 1974
НОВАЦИ 2005 0-1 ЕУРОМИЛК ГЛ
ТЕТЕКС 0- 1 МЕТАЛУРГ 
ВЕЛАЗЕРИМИ -Х.ТУРНОВО 1-1
 
Табела : А.Пандев 25, Скопје 19, Новаци 18, Еуромилк 18, Металург 16, Велазерими 13, Х.Турнови 11, Тетекс 8, Вардар 7, Тиквеш 6.