Македонија
6. December 2018 - 16:09

Втора јавна дискусија за нацрт-амандманите на уставот

Непоканети граѓани го нарушија концептот на вториот ден од јавната расправа за уставните измени. Помеѓу стандардното фалење на договорот од Преспа, граѓаните го прашаа премиерот Заев дали ден по обезбеденото дво третинско мнозинство во Собранието, се чувствува како патриот или предавник?

Претходно во воведното обраќање пред студентите на универзитетот ФОН, Заев убедуваше дека со Грција е постигнато фер и праведено решение, а фактот кој треба да го прифатат граѓаните е дека Македонија природно припаѓа на северниот дел од регионот. Во одбрана на постигнатиот договор застана и професорот Нано Ружин.

За нацрт амандманите за промена на Уставот утре ќе дебатираат и академиците од МАНУ, а на почетокот на идната недела јавни расправи ќе се организираат и во Штип и Тетово. По добиените насоки од академската и стручна јавност, амандманите повторно се враѓаат во Собранието каде за конечно усвојување повторно ќе се бара поддршка од најмалку 80 пратеници.