Бизнис
13. November 2018 - 8:33

Втора годишна конференција на Стопанската комора на Македонија

Во пресрет на донесувањето на буџетот на Република Македонија за 2019 година, Стопанската комора на Македонија ја продолжува практиката за запознавање на стопанствениците со предвидувањата за макроекономската политика за наредната година.

По тој повод, Стопанската комора на Македонија денеска ја организира Втората годишна конференција, на која министерот за финансии Драган Тевдовски, со претставници од Министерството за финансии ќе ги презентираат проекциите во Буџетот на Република Македонија за 2019 година и планираните макроекономски остварувања.

На Конференцијата ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.