Бизнис
22. February 2019 - 10:04

Втора фаза од асфалтирањето на регионалниот пат Гевгелија – Негорци

 Пролетните температури среде зима им овозможија идеални услови на градежните работници за продолжување на работите од втората фаза на изградбата на регионалниот пат Гевгелија – Негорци, што почна целосно да се обновува од почетокот на годинава.

Дел од патот, на потегот од излезот на градот до некогашната управна зграда на ЗИК „Винојуг“, во првата фаза веќе беше асфалтиран, а во рамки на втората фаза деновиве се гребеше оштетениот горен слој на патот од излезот на Гевгелија до крстосницата кај Негорски бањи.

Гребењето на оваа делница од патот заврши и денес се очекува да почне асфалтирањето по кое речиси половина од 6,5 километри долгиот регионален пат Гевгелија – Негорци,ќе биде готов.

По целата должина на патот, а особено на делот каде се изведуваат работите, на возачите им се препорачува многу внимателно управување со возилата и задолжително прилагодување на брзината на возење кон условите на патот.

Изградбата на регионалниот пат Гевгелија – Негорци ќе чини вкупно 90 милиони денари, што се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта