Loading Video...
Кошарка
10. November 2021 - 19:52

Втора АБА лига: МЗТ Скопје убедлив против Пелистер

Македонското дерби во Втората АБА лига им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје кои  со убедливи 80-64 славеа во  „балонот“ во Осиек против лутиот македонски ривал Пелистер  затоа што пелистерци одиграа катастрофална втора четвртина, која што ја загубија со 20 поени разлика и дозволија МЗТ да дојде до  втора победа во регионалното натпреварување.
Во првата четвртина Пелистер одигра одлично и направи висока предност од 8 поени.  (18-26).
Но, шампионот не дозволи паника во своите редови  и со неверојатна втора четвртина направи пресврт откако ја доби со  33-12 и на полувреме замина со предност од дванаесет поени разлика. 
Ниту по одморот Пелистер не можеше да ја пронајде вистинската петорка на паркетот и дозволи Милошевиќ и Крстевски да ги казнат сите грешки. 
Во финалните десет минути се влезе со +12 за МЗТ Скопје, а ништо не се промени ниту на стартот од клучната четвртина па аеродромци лесно славеа со 16 поени разлика. Милошевиќ со 29 поени и шест скока, Вер со 13 и Крстевски со 12 поени беа најпрецизни кај МЗТ, додека во Пелистер прв стрелец беше Кесар со 15 поени. В петок во 4. коло Пелистер игра со Војводина, а МЗТ Скопје Аеродром против Осијек.