Loading Video...
Спорт плус
20. December 2018 - 16:22

Втор триумф за Хиршер сезонава во слалом

Марсел Хиршер оствари нова победа во Светскиот куп во алпско скијање. 
 
Австриецот, беше најдобар во Залбах, каде имаше две најдобри возења во слаломските трки со што стигна до втората победа сезонава во најтехничката дисциплина. 
 
Воедно за Хиршер ова беше 63-ти триумфи во кариерата со што стана и најдобар Австриец во историјата. 
 
Зад Хиршер денешниот слалом го завршија Швајцарецот, Лоик Меилјард, а трет беше Норвежанецот, Хенрик Криштоферсен.
 
Во поредокот на слалом, Хиршер сега има 200 поени, втор е Криштоферсен со 140 поени, а овие двајца се и на првите две позиции во севкупниот Генерален поредок во кој Хиршер има 520, а Криштоферсен 292 поени.
 
Светскиот куп продолжува во италијанската Мадона Ди Кампиљо каде во сабота ќе се вози повторно слалом.