Втор состанок на Заедничката експертска комисија меѓу Македонија и Бугарија
Втора средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи денеска и утре во Скопје.
На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се очекува членовите на Комисијата, согласно договорената методологија и принципи на работа, да разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.
Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија на која беа разгледани и утврдени начелата и методологијата за работа на Комисијата, согласно принципите за заемно разбирање и академска заснованост, како и досегашните позитивни европски искуства.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море