Свет
11. January 2018 - 8:20

Втор состанок на Европската служба за надворешни работи со политичките директори на земјите од Западен Балкан

 Вториот состанок на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЅ) со политичките директори на земјите од Западен Балкан (WB6) ќе се одржи денеска во Скопје.
 
Домаќин на состанокот е државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски.
 
На состанокот ќе бидат разменети мислења за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и актуелната ситуација и развојот на настаните во регионот и пошироко.