Македонија
28. February 2019 - 16:27

Втор смртен случај од грип за една недела

Два смртни случаи од компликации од грип за една недела во Македонија. Денеска на Клиниката за детски болести почина 12 годишно девојче кое имало церебрална парализа, а вирусот предизвикал сериозно влошување на здравствената состојба. Детето 4 дена било на одделот за интензивна нега.

-Детето пред четири  дена било примено на Клиниката, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.

Врориот смртен случај е 86 годишен маж. Починал од компликации од грип минатата недела на Инфективна, но дури денеска официјално беше објавено во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Кај починатиот скопјанец не биле евидентирани други заболувања.

- Бил хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице не било утврдено присуство на коморбидитети, додаде д-р Микиќ.

Годинава во земјава регистрирани се 4 смртни случаи поврзани со грипот. Според епидемиолозите сезонското заболување го достигнува пикот. За една недела регистрирани се над 3200 заболени. Најмногу во Скопје.