Свет
10. February 2018 - 14:00

Втор службеник во Белата куќа поднесе оставка поради вршење семејно насилство

Службеникот во Белата куќа, Дејвид Соренсен, кој е обвинет од сопругата за вршење семејно насилство, си поднесе оставка.

Тоа е втор случај по оставката на советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Роб Портер, кој е обвинет од двете поранешни сопруги дека насилно се однесувал кон нив.

Соренсен беше вработен во одделот за подготвување говори во Белата куќа и тој ги отфрла обвинувањата.