Бизнис
29. October 2015 - 20:14

Втор саем Купи куќа купи стан: Најниските камати и попусти од 200 евра по квадрат

Историски најниски каматни стапки и цени на станови. Субвенции што ги нуди државата за да можат граѓаните да го надминат почетниот период на плаќање на обврските за кредити. Ова се некои од поволностите што ги истакна министерот за финансии Ставрески на денешното отварање на саемот Купи куќа купи стан во Сити Мол. Порача дека нема подобро време од ова сега граѓаните да се стекнат со сопствен дом.

Уште првиот ден граѓаните покажуваат голем интерес за поволностите што ги нуди проектот.

На саемот присуствуваат околу 20 градежни фирми и банки. Градежниците сметаат дека ваквиот начин на презентација дава голем ефект. После минатогодишниот саем интересот бил видно зголемен.

Досега владиниот проект помогна 680 семејства да го решат станбеното прашање. Доделени се субвенции од 4,3 милиони евра, а поединечно владината помош може да достигне до 14 000 евра.

Саемот ќе трае до недела.