Loading Video...
Ракомет
6. November 2021 - 18:27

Втор пораз на македонските ракометари на гостувањето кај Египет

Машката ракометна репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар против Египет на гостувањето во Каиро. која во рамките на ќе одигра два контролни натпревари против Египет.
 
Во рамките на ЕХФ неделата, репрезентацијата на Македонија одигра два контролни натпревари против Египет на гости во Каиро. 
 
Откако вчера беа совладани сo 7 голови разлика (32-25), попладнево македонските ракометари загубија со пет разлика 31-26 (полувреме 16-13).
 
Дуелите против Египет, на селекторот и капитен Кирил Лазаров му послужија да ја увиди моменталната форма на повеќемина ракометари, а пред се помладите, од кои ќе треба да се профилира составот кој во јануари месец ќе настапи на Европскиот шампионат.