Loading Video...
Кошарка
9. November 2018 - 14:45

Втор пораз на Голден Стејт сезонава во НБА лигата

Шампионот Голден Стејт претрпе непријатен пораз пред своите симпатизери од Милвоки, во еден од четирите дуели колку се одиграа ноќеска во НБА лигата. 
 
„Воините“ загубија од „Бакси“ со 134-111, што е за нив само втор пораз сезонава во дванаесетте одиграни средби.
 
Најнеизвесно беше во Феникс, каде Бостон славеше победа со 116-109, но по продолжението. 
 
Убедливи победи на домашен терен остварија, Оклахома над Хјустон со 98-80, како и Портланд кој со 116-105 го совлада ЛА Клиперс.