Џет-Сет
9. February 2016 - 10:28

Втор пат легнува на операциона маса - Пејачката Драгана итно оперирана

Пејачката Драгана Мирковиќ има сериозни здравствени проблеми.

Имено, таа е родена со развојна дисплазија, а веќе втор пат легнува на операциона маса бидејќи ситуацијата во последните неколку години значително и се влошува, па беше принудена да го смени колкот.

- Проблемот со исчашениот колк го имав година дена по раѓањето, тогаш имав една операција, а сега отидов на друга, за да го решам проблемот, вели Драгана.

Таа е оперирана во Виена, секојдневно вежба со физиотерапевтот, а сопругот и децата и се најголема поддршка. Некое време ќе мора да користи патерици, а закрепнувањето ќе биде долго, но таа е борец и ќе издржи се.