Свет
5. October 2015 - 16:00

Втор палестински тинејџер убиен од израелската армија во Западниот Брег

Уште еден палестински тинејџер е убиен од страна на израелската армија на Западниот Брег на реката Јордан. Тоа е  втора тинејџерска жртва за 24 часа, соопшти палестинската полиција.

Абдел Рахман Абдала (13) беше смртно застрелан за време на денешниот судир со израелските војници во бегалскиот камп Аида во Витлеем.

Хузејфа Осман Сулејман (18) беше убиен синоќа од исраелската армија во слична  ситуација во градот Тулкарем, во западниот дел од Западниот Брег. Тој беше прва палестинска жртва од почетокот на новото насилство во окупираните територии.