Фудбал
18. January 2016 - 15:20

Втор меч од 1/4 финалето во Копа Италија

 
 
 
Вечера од 20 часот екипите на Специја и Алесандрија ќе го играат вториот натпревар од 1/4-финалната рунда во фудбалскиот Куп на Италија.
 
Победникот од овој меч во 1/2 финалето ќе игра против Милан кој место меѓу четирите најдобри обезбеди со минатонеделната победа над Капри со 2:1.
 
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од преостанатите два четвртфинални натпревари во кои утре (20.45 ч.) ќе играат Наполи – Интер, а в среда во истиот термин ќе се сретнат Лацио – Јувентус.
 
Полуфиналните натпревари на програмата се на 26 и 27 јануари, а реванш дуелите се закажани за 1 и 2 февруари.