Втор круг од претседателските избори во Франција
Граѓаните на Франција денеска во вториот круг од претседателските избори ќе се определуваат помеѓу центристот Емануел Макрон или десничарката Марин Ле Пен.
Најголем број од 69.245 гласачки места во Франција се отворени денеска од осум часот, каде ќе се изјаснат 45,7 милиони гласачи. Во странство ќе гласаат 1,3 милиони Французи.
Првиот круг од претседателските избори се одрежа на 23 април и тогаш Макрон освои 23,75 проценти од гласовите, а Ле Пен 21,53 отсто.
Според анкетите спроведени последните денови Макрон е во значително водство во однос на Ле Пен.
Гласање за вториот круг од претседателските избори во Франција вчера имаше во француските прекуморски департамни и територии: Сент Пјер и Микелон, Француска Гвијана, Гвадалуп, Мартиник, Сен Бартелеми, Свети Мартин и француска Полинезија, како и за Французите кои живеат на американскиот континент во дипломатските претставништва.
При првиот круг имаше долги редици пред дипломатските претставништва, посебно во Монтреал, Канада, каде редиците беа долги над два километри.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто