Фудбал
30. December 2020 - 9:41

Втор гол на Алиоски во Премиерлигата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски го постигна вториот гол сезонава во Премиерлигата, во триумфот на Лидс вечерва на гостувањето кај Вест Бромвич Албион со 5:0.

Алиоски го одигра целиот натпревар и беше прецизен во 31 минута.

Својот гол првенец во англискиот шампионат Алиоски го постигна пред две недели во триумфот на Лидс над Њукасл од 5:2.

По 16 одиграни натпревари во Премиерлигата, Лидс со 23 бодови е на средина на табелата, а во следното коло, в сабота, му гостува на Тотенхем.