Македонија
12. October 2018 - 8:20

Втор „Drim Short Film Festival“ во Струга

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од денеска до недела ќе се одржува второто издание на фестивалот „Drim Short Film Festival“ Струга.

Годинашното издание се одржува под мотото „Еден јазик, илјада приказни“, а целта е да се доближи кратката филмска форма до публиката, зајакнување на филмската култура во градот и да се придонесе Струга да стане регионално филмско јадро.

Покрај стандардната национална програма, ќе има и регионална селекција на кратки филмови, како и студентска програма, во која студентите од Македонија ќе имаат можност да ги претстават своите дела. Истовремено можност ќе имаат и сценаријата, ќе бидат избрани пет најдобри идеи на млади автори од Македонија, кои ќе се натпреваруваат за симболична награда, што ќе претставува мотив за нивната понатамошна работа и однос кон филмот.

Струга ќе биде домаќин и на познати филмски имиња од Македонија и регионот. Тие ќе ја збогатат филмската програма со своето искуство поврзано со филмот и ќе го пренесат пред младите автори и студенти.

Во рамките на националната вечер ќе бидат прикажани кратките филмови „Доаѓаат од центарот на светот“ во режија на Дина Дума, „Мишко“ во режија на Ханис Багашов, „Долорес“ на Радован Петровиќ и „Почеток“ на Агим Абдула...

Дел од регионалната програма се „O noapte in Tokoriki“ во реежија на Роксана Строе и „Пупање“ на Дора Шустиќ. Во рамки на студентската програма ќе бидат прикажани „Тишина“ на Батухан Ибрахим, „Red ribbon“ на Џовани Рустанто и „The Bar“ на Горан Томиќ...