Македонија
5. November 2020 - 16:50

Втор ден жестока дебата во Собранието за избор на Добрила Кацарска за уставен судија

Добрила Кацарска е синоним за партиско судство и извршител на нарачките на Зоран Заев и неговата фамилија. Таа не е истакнат правник како што бара Уставот и нејзината биографија се сведува на работното искуство во Oсновен суд. Опозицијата во парламентот и во вториот ден дебата продолжи за обвинувањата околу изборот на судијката Kацарска за устaвeн судија по предлог на Републичкиот судски совет.

Власта, пак ретко одговараше коментирајќи дека изборот на Кацарска им пречи поради судењата на поранешни функцинери на ВМРО-ДПМНЕ.

Против Кацарска се изјаснија и од Левица, но Апасиев наместо одговор од власта доби само реплики за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако на седницата беа присутни и транспарентите за „Кацарска судството“ и свирчиња и маички на опозицијата сепак, дебатата продолжи во далеку посмирена атмосфера од таа вчера. Изборот на уставен судија се прави со 61 пратенички глас.