Loading Video...
Свет
24. September 2022 - 16:37

Втор ден референдум за припојување кон Русија

Втор ден од референдумите за припојување кон  Русија на 4 области во Украина кои се под целосна или делумна контрола на Москва. Гласањето се одвива на бирачките места кои се под силно обезбедување, но и во домашни услови за лицата кои се попречени.

За разлика од ваквите слики, раселените семејства од Мариопол, со протести во Киев против референдумите и политиките на Путин.

 Во исто време генералниот секреатар на НАТО ја обвини Русија дека монтира рефрендуми со цел да  ја ескалира војната, а претседателот Зеленски го повика светот да ги осуди одлуките на Путин за прекројување на Украина.

Москва пак очекува поинаква реалност по референдумското изјаснување. Секој напад врз регионите кои ке одлучат да се припојат на Русија, ќе значи напад врз нашата територија и ќе биде одговорено адекватно. Рускиот Устав веднаш  откако ќе бидат познати реферндумските резултати, ќе биде применет на овие територии, истакна  портпарлот на Кремљ, Песков.