Втор ден протести на Нов Зеланд
На Нов Зеланд втор ден по ред се одржуваат демонстрации против епидемиолошките мерки, а над стотина демонстранти кампираат пред Парламентот.
Инспирирани од големите протести против задолжителната вакцинација во Канада, новозеландските демонстранти го присвоија мотото „Конвој на слободата“ и ги блокираат улиците во Велингтон.
Бројот на демонстрантите денеска е намален во однос на вчера, а околу Парламентот има околу сто полицајци.
Новозеландските парламентарци во голема мерка ги игнорираат протестите, а според локалните медиуми ниту еден пратеник не се сретнал со демонстрантите, што беше случај за време на претходните собири.
Во Нов Зеланд од почетокот на пандемијата регистрирани се 53 смртни случаи и околу 18.000 инфицирани помеѓу популација од пет милиони жители.
Граѓаните на Нов Зеланд не се задоволни од долготрајните епидемиолошки ограничувања, меѓу кои десетдневна изолација, задолжителна вакцинација за некои категории на населението.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе платат од 1400 до 1500 денари за замена на регистарските таблички со ознаката „NMK“
-
Спасовски: Нема да дозволам понижување на македонскиот народ!
-
Ахмети: ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци
-
Затворен за сообраќај регионалниот пат Велес - Градско
-
Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на грбот на граѓаните товари 16 милиони евра долгови
-
Постои сомневање дека кинески шпионски балон неколку дена лета над САД, тврди американски претставник