Балкан
30. August 2019 - 8:42

Втор ден од неформалниот состанок во Хелсинки на министри од ЕУ и регионот на Западен Балкан

Неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и „партнерите со Западен Балкан“ и Турција, организиран од  Федерика Могерини и финското претседателство со ЕУ, продолжува денеска во Хелсинки.

Централна тема на средбата ќе биде регионалната соработка додека тема на неформалниот работен ручек ќе бидат човековите права.

Дводневната средба на министрите за одбрана и министрите за надворешни работи на ЕУ почна вчера во Хелсинки, а денеска на нив им се придружија партнери од Западен Балкан.

„Сите шест партнери од Западен Балкан се поканети на овие разговори. Во прашање е неформална дискусија за сите заеднички надворешни и безбедносни аспекти на регионалната соработка и вклучувањето на сите партнери е неопходно и корисно“, се наведува во изјава на портпаролот на ЕУ.