Втор ден конференција „Година на нови можности“
Годишната конференција „Година на нови можности“ што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.
На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши.
На вториот панел со наслов „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“ видео обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи, а ќе се обратат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Третиот панел е посветен на фискални, монетарни и даночни политики во време на криза, а како говорник е најавен министерот за финансии Фатмир Бесими. На четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ ќе говорат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација