Македонија
19. April 2018 - 16:47

Втор ден Дигитален самит во Скопје

Mестото на земјите од Bалканот е Во Eвропската унија, ваквиот исчекор ќе го направиме преку конкретни инвестиции и реформи во дигитализацијата.. Ова го порачаа учесниците на затворањето на дигиталниот самит кој се одржа во Скопје.. Силна поддршка во процесот понудија и европските преставници според кои првите резултатити ги очекуваат до следниот Европски самит..  Домаќините порача дека на самитот се дефинирале заедичките цели за дигиталната трансформација на регионот..

Во завршницата на дводневниот самит, учесниците заклучија дека во процесот на дигитализација е неопходна и борба со лажните вести. свој придонес во ова треба да имаат Владите, медиумите и граѓанскиот сектор..

Инаку Дигиталниот самит е дел од Берлинскиот процес чија цел е забрзување на евроинтеграциите на балканските земји..

 Fake News или лажни вести не се нова појава ама брзиот развој на технологијата предизвикува тие да се шират со огромна брзина.. Ова е заклучокот од работилницата „ Медиумите во дигиталната ера и справување со лажни вести во рамки на дигиталниот самит за земјите од западен балкан.. Според учесниците, поголем проблем е што сега инфомрациите луѓето не ги добиваат само од традиционалните медиуми туку се информираат и преку социјалните медиму..

Велес и понатаму останува во фокусот на јавноста при пласирањето на лажни вести за време на претседателските избори во Соединетите амеркински држави.. Сепак според експертите за медиуми, единствена цел на таквите вести била брзата заработкана пари..

Според медиумските експерти, неопходно е  институциите да се вклучат во борбата против лажните вести бидејќи тие ги поткопуваат демократските вредности на општестеството..

Со дискусијата за лажни вести беше затворен и дводневниот дигитален самит за земјите од западен балкан.. Од министерството за инфорамтичко општество потенцираа дека самитот е појдовна точка за дигиталната трансформација на регионот која треба да обезбедени економски развој и перспектива за државите..