Македонија
25. August 2019 - 16:45

Втор ден активен шумскиот пожар во Охрид, активиран кризниот штаб

Се уште активен пожарот во близина на патот Охрид –Ресен.

Екипи на охридската протвпожарната единица се на терен,меѓутоа со оглед на тоа дека станува збор за тешко пристапен планински предел на помош има и пожарникари од Ресен и Кичево.

Надлежните велат дека опожарени се околу 50 хектари борова и дабова шума но простор за паника дека огнот ќе стигне до населените места нема. Според првичните сознанија се претпоставува пожарот е подметнат.

Мештаните од селото Опеница видно вознемирени ноќта ја минале будни стравувајќи пламените јазици да не се прошират во нивните домови.

Денеска заседава и општинскиот Кризен штаб во присуство на градоначалникот Константин Георгиески, со цел координација во справувањето со огнот.

Во гаснењето покрај екипите  на територијалната противпожарна единица од Охрид, вклучени се и општинските јавни претпријатија, Шумската полиција, а активирани се и два авиони, од Дирекцијата за заштита и спасување.

Инаку ова е втор шумски пожар за кратко време во охридскиот регион. Претходно голем пожар имаше над селото Велмеј во Дебарца.