Loading Video...
Кошарка
25. December 2018 - 8:39

Втор дел од едукациската програма за кошаркарските тренери во Македонија

Иако натпреварувачкиот дел до полусезоната во мак-баскетот е зад нас, активностите во кошаркарската федерација не застануваат.  
 
Вчера и денеска во СЦ „Борис Трајковски“ се одвива вториот дел од едукациската програма за тренери која ја спроведува МКФ заедно со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ).
 
Во текот на двата дена кандидатите кои ја посетуваат едукацијата ќе проследат повеќе практично, но и теоретски предавања, како што е психолошката подготовка на кошаркарите за што свое излагање има Деканот на ФФОСЗ и поранешна македонска репрезентативка ленче Алексовска Величковска. Примената на медицината во кошарката, преку основите на физиологијата за кои говореше Др. Слободан Николиќ, и Проф. Др. Ванчо Поп-Петревски кој ги потенцира зоните на оптоварувањето за време на тренажниот процес, а Проф. Милан Наумовски од катедрата за кошарка, говореше за методолошките постапки во тренажниот процес. 
 
Свои практични демонстрации имаа и неколкумина истакнати македонски тренери, кои се осврнаа на повеќе аспекти на модерната кошарка. 
 
Оваа едукација е и дел процесот лиценцирање на тренерите кои работат во сите категории.