Свет
11. March 2020 - 9:37

Втор човек во светот излекуван од ХИВ

Маж од Лондон е втората личност во светот што се излекувал од ХИВ.

Адам Кастиљео нема ХИВ повеќе од две и пол години од завршувањето на антиретровирусна терапија, потврдија лекарите.

Сепак, тој не бил излекуван со лекови за ХИВ, туку матични клетки за рак, од кој исто така страдал, објавија лекари во научното списание Лансет ХИВ.

Тие матични клетки имаат необичен ген што им овозможува заштита од ХИВ.

Тимоти Браун, познат како „Берлинскиот пациент“, беше првиот што се излекува од ХИВ во 2011 година, три и пол години откако прими слична терапија.