Тенис
30. October 2016 - 16:01

ВТА: Завршниот мастерс за Цибулкова

Доминика Цибулкова од Словачка го освои последниот турнир на ВТА турот за 2016 година, заршниот Мастерс во Сингапур. Цибулкова во финалето, за нешто повеќе од еден час игра славеше над Анжелик Кербер со 6-3, 6-4.
 
Цибулкова ја освои најголемата титула во кариерата против тенисрката која го држи првото место на ВТА листата. Тенисерката од Словачка 2016 година ја заврши со четири титули.
 
Кербер во финаето беше во подредена положба, но не треба да биде незадоволна, 2016-та е најдобра година во нејзината каиера, во која освои две грен слем титули и стигна до местото број 1 на ВТА листата.
 
Цибулкова во финалето спаси три од четирите брејк топки, успешно го користеше вториот сервис на противничката, имаше двоно повеќе винери од Кербер (27-14) и шест неизнудени грешки помалку (16-22).