Тенис
29. August 2016 - 10:49

ВТА: Скок од 5 места на Лина

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да напредува на ВТА листата.
 
Ѓорческа, која минатата недела настапи во квалификациите за УС Опен, загуби од Кетрин Бејлис во два сета (0-6, 2-6), на најновата листа се наоѓа на 217-то место, што во однос на претходното рангирање значи „скок“ од пет места.
 
На врвот на ВТА листата нема промени прва е Серена Вилијамс, пред Германката Ажелик Кербер, Гарбиње Мугуруза од Шпанија, Агњешка Радванска од Полска и Романката Симона Халеп.